Спорт Тенис

Тим со покана до Димитров и Ќориќ

Австрискиот тенисер, Доминик Тим ги повика Григор Димитров и Борна Ќориќ да бидат дел од турнирот што тој ќе го организира, а треба да се одржи во периодот од седми до 11 јули.

Тим и останатиот дел од организацијата немаат проблеми со моменталната здравствена состојба на двајцата тенисери, но за бидат дел од натпреварувањето ќе мора претходно да минат 14 дена во изолација и да имаат негативен тест пред стартот на турнирот.

До овој момент потврден е настапот на Матео Беретини, Гаел Монфис, Андреј Рублев, Карен Хачанов и Денис Новак. Турнирот ќе се игра во Кицбил по строго определени правила.

Присуство на гледачи ќе биде дозволено но не повеќе од 500 и тие ќе мора да седат на стриктно определени места на трибините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе