Вести Македонија Топ вести

Рамо до рамо, но на две спротивни страни- Арсовска му упадна на прес-конференција на Перински

Разрешениот директор на водовод  Златко Перински ги повика на пресконференција новинарите во управната  зграда, а таму неповикана дојде и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која праша во кое својство држи прес конфенернција па застана до него и најави дека документите и сомнежите за местење на тендерот за прочистителната станциа ќе ги  предаде на обвинителството.

Се посомневала дека Перински влијае врз постапката за избор на најдобар понудувач откако со месеци ја држеле во темница и за ништо не го информирале градот а чашата се прелила откако побарала промена на членовите на тендерските комисии но тоа не се случило.

Перински и одговори дека во оваа фаза Европската инвестициска банка која е еден од кредиторите не дала дозвола  поради опасност од одлговлекување на постапката за која државата може да плаќа пенали. За сите обвинувања и порача дека ќе се докажуваат во суд.

Поради обиди за влијание за тендерот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Вардар од 136 милиони евра, Арсовска го разреши и секретарорт на град Скопје,  Ѓоко Велковски. Тој на фејсбук напиша дека сам си дал отказ бидејки избрал да остане советник во општина Чаир откако на барање на дкск морал да избере една од двете функции

  • Оваа моја одлука ја донесов и поради фактот што сум разочаран од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје- Ѓоко Велковски, поренашен секретар на град Скопје.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски застана зад своите блиски соработници Велковски и Перински. Јавно им  даде целосната поддршка и иако не сакаше да одговори директно најави можно разидување на патиштата со Арсовска во градскиот совет.

Арсовска за помалку од една година разреши пет директори на јавни претпријатија. Вели ги поставувала како вршители на должност за да се докажат како работат.

Елена Ивановска Муковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе