Два македонски претставници вечерва ќе се борат за продолжување на настапите во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.
Од 19 часот во Софија, Македонија ЃП и гостува на ЦСКА. По првиот меч во Скопје, мрежите мируваа на двете страни и освојувачот на Купот има можност да направи изненадување и да го продолжи престојот во фудбалска Европа.
Еден час подоцна во Скопје, Шкендија го пречекува претставникот на Летонија, Валмиера. По првиот натпревар, Тетовци имаат предност од 2:1 и големи шанси да продолжат со битката за влез во фазата по групи од третото по ранг европско клупско натпреварување.
Македонија веќе има еден претставник во квалификациите за влез во Лига Европа откако по елиминацијата од Динамо Загреб, Шкупи во третото квалификациско коло ќе се соочи со Шамрок Роверс.
ФОТО: Игор Паневски

