Шкендија го одржа последниот тренинг пред утрешниот дуел од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против претставникот на Летонија, Валмиера.
Тетовци пред мечот во Скопје имаат предност од 2:1 со која се на прагот од пласман во третата рунда од квалификациите во третото по ранг европско клупско фудбалско натпреварување.
Мечот се игра на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.











