Нова кризна состојба на пазарот со струја од следниот месец. Ова се прави за да може ЕСМ со 100-те милиони евра од ЕБОР да прави набавка на јаглен и мазут. Се прави напор во функција да се стават сите електрани.
Министерот Бектеши тврди дека наскоро ќе проработи и третиот блок во РЕК, но и централите Осломеј и Неготино. Ако се оди според планот и ако не се забрани увозот на струја во регионот, како што тоа еднаш го направи Бугарија, рестрикции не очекува. Но, уште еднаш нагласи дека нѐ чека најтешката зима до сега.
Не верувам дека ќе има рестикции во земјава, но ќе ја имаме најтешката зима. Стиуацијата е толку сериозна, непредвидилва, не зависи од нас и регионот, но зависи исто така, како ќе се одвива војната од Украина, вели министерот за економија Крешник Бектеши.
Бектеши потенцира дека земјава нема да го плаќа рускиот гас во рубљи, ако така одлучат и европските држави. Доколку секне испораката, преку писмо од Бугарија ќе се бара да се ослободат капацитетите закупени од „Гаспром“, за да може да се прави испорака од други земји. Уште една опција е топланите наместо гас, да да се прилагодат да користат мазут.
Ако се ослободат тие капацитети ние сме подготвени гасот да го добиваме од други држави, како Азербејџан. Ако Русија инсистира, а ЕУ одлучи да не плаќаме во рубњи, нема да плаќаме, вели Бектеши.
Иако, бизнисот подолго време бара помош поради високите трошоци за струја, Бектеши вели дека најголем дел од нив, близу 70.000 плаќаат околу 200 евра за мегават, што е пониска од берзанската цена. Проблем биле само 4.500 фирми кои се на отворен пазар и тие плаќаат и до 500 евра за мегават.
Ирена Чачкова