Вести Економија Најважни

Нова кризнa состојба во август, се прави напор земјава да не остане без струја и гас

Нова кризна состојба на пазарот со струја од следниот месец. Ова се прави за да може ЕСМ со 100-те милиони евра од ЕБОР да прави набавка на јаглен и мазут. Се прави напор во функција да се стават сите електрани.

Министерот Бектеши тврди дека наскоро ќе проработи и третиот блок во РЕК, но и централите Осломеј и Неготино. Ако се оди според планот и ако не се забрани увозот на струја во регионот, како што тоа еднаш го направи Бугарија, рестрикции не очекува. Но, уште еднаш нагласи дека нѐ чека најтешката зима до сега.

Не верувам дека ќе има рестикции во земјава, но ќе ја имаме најтешката зима. Стиуацијата е толку сериозна, непредвидилва, не зависи од нас и регионот, но зависи исто така, како ќе се одвива војната од Украина, вели министерот за економија Крешник  Бектеши.

Бектеши потенцира дека земјава нема да го плаќа рускиот гас во рубљи, ако така одлучат и европските држави. Доколку секне испораката, преку писмо од Бугарија ќе се бара да се ослободат капацитетите закупени од „Гаспром“, за да може да се прави испорака од други земји. Уште една опција е топланите наместо гас, да да се прилагодат да користат мазут.

Ако се ослободат тие капацитети ние сме подготвени гасот да го добиваме од други држави, како  Азербејџан. Ако Русија инсистира, а ЕУ одлучи да не плаќаме во рубњи, нема да плаќаме, вели Бектеши.

Иако, бизнисот подолго време бара помош поради високите трошоци за струја, Бектеши вели дека најголем дел од нив, близу 70.000 плаќаат околу 200 евра за мегават, што е пониска од берзанската цена. Проблем биле само 4.500 фирми кои се на отворен пазар и тие плаќаат и до 500 евра за мегават.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе