Фудбалерите на Македонија ЃП пропуштија шанса со предност да заминат на реваншот во Софија против ЦСКА.
Мрежите на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски попладнево мируваа на двете страни, но составот на Муарем Бајрами имаше шанси за погодок, а составот од Ѓорче Петров храбро му се спротивстави на противникот кој цело второ полувреме имаше човек повеќе на теренот по исклучувањето на Матеус.
Се чини дека доколку Македонија ЃП одигра уште похрабро во реваншот нашиот претставник не е без шанси за пласман во следната фаза и елиминација на фаворизираниот противник.
ФОТО: Игор Паневски














