Вести Економија Македонија

Патарините кај Кадрифаково и Преод стартуваа со наплата

Околу 400.000  жители, но и транспортните фирми, фабричките погони кои своите производи ги пласираат низ државата или ги извезуваат, од денеска по најновиот автопат Штип-Миладиновци ќе плаќаат патарини на три места, Кадрифаково, Преод и Миладиновци. Возач на автомобил во двата правци ќе го чини 320 денари.

Граѓаните велат дека ова е голем удар врз домашниот буџет, доколку секојдневно се патува на оваа реалиција. Пресметките со гориво и патарини веќе ги направиле од нивниот дом до Скопје и во обратен правец.

Најмногу ќе трпат граѓаните, кои секојдневно патуваат до Скопје на своите работни места. Годишно ќе ги чини околу 90.000 денари или само на патарините треба да остават три просечни македонски плати. Странците и печалбарите кои ги затекнавме на патот велат дека секоја земја различно го регулира ова прашање. Патарините пуштени, а на автопатот од околу 50 километри има две големи свлечишта, на кои веќе се работи, државата троши дополнителни 750.000 евра, но деновиве се активирало и ново во близина на наплатаната рампа кај Миладоновци.

Околу пет милиони евра чини изградбата на двете патарини кај Кадрифаково и Преод. Првата патарина патувајќи од Штип, кај Кадрифаково е 50, потоа кај Перод 70, а кај Миладоновци 40 денари. Во кабините за наплата има нововработени лица, но може да се плати и електронски.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе