Вести Кошарка Македонија Спорт

ФОТО: Македонските млади кошаркари на ТВ пренос претставени како „Северна Македонија Косово“ и под кратенка MDK

Цело полувреме младите (под 20 години) македонски репрезентативци на Youtube каналот на ФИБА беа потпишани како „Северна Македонија Косово“, а наместо официјалната кратенка МКД играа под ознака МДК. Тие играа и победија против Косово.

Настапуваат на Европското првенство-Дивизија Б кое се одржува во Тбилиси и грешката на преносот траеше цело полувреме додека не беше сменето пред да стартуваат вторите 20 минути.

Нема официјално објаснување зошто се случила таква огромна грешка и дали е реагирано за да се сменат ознаките.

Македонија успеа да дојде до втората победа во групата и го порази Косово со 85:67.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе