Вести Економија Македонија

Каматите на кредитите ќе растат, но без драматичен скок

Ќе растат  каматите на кредитите, но драстичен  скок нема да има.

По одлуката на НБРМ повторно да ја зголеми основната каматна стапка од која зависи во која насока ќе се движат каматите и на кредитите и на депозитите, банкарите смируваат, благ пораст на каматите  во следниот период ќе има, но граѓаните да бидат мирни  затоа што драстично поскапување на кредитите  барем на краток рок, не се очекува.

„Според податоците објавени од страна на Народната банка со состојбата на 31.5.2022 година, просечните каматни стапки на кредитите и депозитите на ниво на банкарски сектор за изминатиот период бележат мал надолен тренд. Врз основа на останатите  расположиви податоци не е регистрирано драстично зголемување на каматните стапки и секако не се очекува на кус рок да има драстично зголемување. Промената на висината на надоместоците, зависат од деловната политика на секоја банка/штедилница и конкретните околности на пазарот“, се вели во дописот од банкарската асоцијација.

Експертите веќе неколку пати предупредија  дека по ваквите чекори на Централната банка за очекување е да има поскапување на кредитите  особено на оние кои се со варијабилни каманти  стапки,  додека  кај оние кои се со фиксни камати , не би требало да има некои  промени.

Пред неколку дена НБРМ со цел да ја стабилизира високата инфлација  чија стапка во јуни достига речиси 15 отсто, одлучи по четврти пат да ја зголеми основната каматна стапка, овој пат за 0,5 процентни поени и сега таа изнесува 2, 5 отсто.

Со овој потег банките се стимулираат слободните пари наместо да ги пласираат  како кредити и за фирмите и за граѓаните, да ги  чуваат кај НБРМ. За одлуките на банката со критика излезе и најголемата комора во земјава, од каде и порачаа наместо постојано да се брани курсот  на денарот,  повеќе внимание да му се посвети и на бизнисот,  затоа што без економија една државата не  може да опстои.

Поради ценовните шокови кои се случуваат и на глобалните пазари поради воената и енерегтска криза и Америсканата централна банка ФЕД исто така направи нагорна корекција на каматната стапка на благајничките записи и посочи дека со ваквите чекори ќе се продолжи со цел да се ублажат инфлаторните притисоци.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млади уништуваат урбана опрема во училиште во Аеродром – градоначалникот објави снимки и најави засилен надзор од МВР

Дејан Дејан

Трамп продoлжи со нападите кон италијанската премиерка

Дејан Дејан

„Нема место за политика во пријателства градени со децении“, велат жители од погранични села со Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе