Македонската женска кошаркарската репрезентација до 20 години е поразена од Словенија со 63:36 и не успеа да се пласира во полуфиналето од Европското првенство Б дивизија што се одржува во Скопје.
Селекцијата на Словенија беше пресилен противник за избраничките на селекторката Јелена Антиќ и сосема заслужено се пласираа меѓу четирите најдобри на турнирот.
Утре нашата репрезентација во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место ќе се соочи со Германија.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.