Фудбалерите на Академија Пандев и во реванш дуелот против полскиот претставник Лехија Гдањск доживеаа пораз и уште во првото квалификациско коло го завршија настапот во Конференциската лига.
Гостите поведоа со голот на Мачеј Гајош во 35-тата минута. Во 57-та Димитар Митровски се запиша во листата на стрелците и израмни на 1:1, а конечните 2:1 за Лехија ги постави Рафал Пјетжак на осум минути пред крајот на мечот.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.











