Попладнево два наши претставници ќе настапат во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.
Академија Пандев на терените на Тренинг центарот Петар Милошевски во дуелот против Лехија од Гдањск ќе се обидат да ја надополнат негативата од првиот меч во кој беа поразени со 4:1.
Задачата ќе биде исклучително тешка со оглед на фактот дека Струмичани на овој натпревар ќе настапат без неколку стандардни првотимци кои поради повреди не можат да му бидат на располагање на тренерот Ѓорѓе Стојчев.
Во вториот меч, Шкендија му гостува на ерменскиот претставник Арарат и ќе ја брани предноста од првиот дуел од 2:0.
Тетовци имаат реални шанси да ја минат првата пречка во ова натпреварување и во втората рунда да и се приклучат на Македонија ЃП.
Двата натпревари почнуваат во 17 часот.
ФОТО: Игор Паневски
