Во текот на летниот преоден рок Пари Сен Жермен се подготвува да му понуди нов договор на Лионел Меси и ќе се обиде да го задржи Аргентинецот на подолг рок.
Триесет и пет годишниот Меси со францускиот шампион има потпишано соработка до крајот на сезоната и тој начелно се согласил да остане во Пари Сен Жермен евентуално на дополнителни 12 месеци.
Според француските медиуми останувањето на Меси на Паркот на принцовите пред се ќе има огромен финансиски ефект бидејќи во претходната сезона клубот за прв пат во историјата продаде преку еден милион дресови од кои 60% беа со името на Аргентинецот.
А по неговото ангажирање Пари Сен Жермен бележи за 13% зголемен приход од спонзорски договори, а листата на компании се зголеми за 10.
ФОТО: Игор Паневски
