Вести Економија Македонија

Ќе стават ли ГЕС клуч на врата?

Наместо да ја врши диструбуцијата на топлинска енергија, акционерското друштво Градски Енергетси системи четири години функционира речиси само на хартија. Оваа  инситуција ја формирапше градската админитрација на поранешникто градоначаник Шилегов.

Но, сегашната градоначалничка Арсосвка тврди дека сега Градот нема капацитет да ја преземе работата на БЕГ, кој од скоро остана без трите лиценци за парно греење.  И покрај  овие тврдења на Арсовска ова претпријатие и натаму постои. Таму на  работа во моментов секое утро одат 6 лица.  Според информациите од градот на крајот на  месецов ќе се знае судбината на ГЕС, дали ќе стави клуч на врата или ќе има за што да работи.

-Собранието на акционерското друштво  се уште не  заседавало, треба да заседава кон крајот на месецов односно на 25 јули, и тогаш ќе се знае  што ќе се случува со Градски Енергетски Системи.

Според информации од ГЕС, за овие години акционерското друштво сработело само неколку проекти, без нивна реализација. За плати  на вработени, деловен простор и други торшоци потрешени се над 700 илјади евра.

Пред извесно време откако РКЕ ги одземе трите лиценци на БЕГ, на Град Скопје му беше понудено од октомври да го преземе парното греење. Но, градоначалничката Арсовска се изјасни дека во моментов  градот нема капацитет да ја врши оваа функција, по што владата одлучи до крајот на септември да избере фирма која ќе ја преземе работата на БЕГ во свој раце.

Тендерот за избор на фирма се уште не е објавен,  но властите уверуваат дека скопјани оваа зима нема да останат без греење.

Инаки Градски Енергетски Системи беше формиран во јули 2018 година, со основачки капитал од 250 илјади евра. Планот беше прептијатието да ја преземе дистрибуцијата на топлинска енергија. Но, РКЕ не ја додели лиценцата.  ГЕС поведе спор против оваа одлука и наместо со над 100 вработени како што и се планираше  работата ја стартуваше со 13 лица.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Стојановски: Индустриското производство во пораст од 7,6%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе