Вести Економија

Граѓаните се потешко се справуваат се високите цени

Платите се топат, а трошоците растат. Граѓаните се потешко ги поминуваат месеците. Велат при секое влегување во продавница наидуваат на нови повисoки цени. Она што го заработуваат е доволно само за да купат храна и да платат сметки, за друго не им останува.

Дека трошоците се зголемени покажа и пресметката на ССМ, според која на едно четиричленo семејство за да ги обезбеди основните потреби во месецот, му се потребни околу 40 илјади денари. И статистика измери нов рекорд на инфлацијата од 14,5 отсто во јуни. Од бизнис секторот не се сигурни што во овој моментов би требало да се преземе, затоа што состојбата е неизвесна. Но, сметаат дека мерките кои ги воведува НБРМ за намалување на притисокот врз цените не се доволни.

Искрено не знам во моментов што треба да преземат зошто работите не се преземаат кога ќе тргне инфлацијата туку пред. Во секој случај имам доверба дека НБРм ќе направи сѐ во нејзина моќ, но состојбите се такви да нема субјект во меѓунаордниот фактор и на европско и регионално ниво, кој што нешто би предвидел во овој момент а тоа е смрт за бизнисот, а со тоа и на државата. Затоа максимално треба да ја подгинеме одговорноста, рече Бранко Азески, претседател на СКМ.

Според статистиката, кај храната најголемо поскапување за една година е забележано кај маслото од 50 отсто, потоа следи лебот, месото, млекото, јајцата, сирењето. Драстично поскапување има и кај енергенсите и кај транспортот. Дел од експертите веќе посочија дека ограничените маржи не се доволни и дека се неопходни и други мерки. Владата најави дека ќе се разгледува опцијата да се прошири листата, а помошта пак која ја најави ќе биде само за најранливите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе