Кошарка Спорт

Бајиќ: Имаме обврска кон навивачите да одиграме најдобро што можеме

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 18 часот во А1 арената Борис Трајковски против селекцијата на Украина ќе го одигра последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

Нашите кошаркари ги загубија шансите за продолжување на натпреварите, а дуелот во Скопје е последна шанса да се стигне до првата победа.

“Доаѓа последното коло од овие квалификации, ги загубивме сите шанси, но имаме обврска пред домашните навивачи да го дадеме максимумот од себе и сигурно да го подобриме впечатокот од Шпанија со тоа што не можам да им замерам на играчите за борбеноста и на желбата. Едноставно, имавме сериозен противник на спротивната страна и дека некои работи не може да се носат така лесно на натпреварите. А, тоа можеше да се види најмногу против Шпанија. Едноставно, енергетски не можевме да издржиме со таква репрезентација и самиот квалитет на играчите беше евидентен”, изјави за веб страницата на Кошаркарската федерација, селекторот Драган Бајиќ.

Предводникот на репрезентацијата во овој циклус се соочуваше со многу проблеми околу составувањето на тимот, но и покрај се тој очекува овој состав конечно да стигне со посакуваната победа.

“Сите оние кои ја следат репрезентацијата уште од претквалификациите знаат, и гледаат дека бевме без важни играчи и тоа нè следи цело време. Јас како селектор на секој собир имам нови имиња. И тоа е голем товар за тренер да се воигрува екипата. Се надевам дека сега ги филтриравме сите работи и дека во квалификациите за ЕП ќе бидеме максимално комплетни. Виктор Ефремовски по тешкиот пат од Шпанија има вирус и има проблеми, и нема да игра. Имаме проблем и со Симиќ кој исто така има здравствени проблеми. Тоа значи дека ќе имаме уште поголем хендикеп за мечот со Украина, ама ќе се потрудиме да го извлечеме максимумот”, заврши Бајиќ.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе