Вести Економија Топ вести

Цената на становите порасна за 20 отсто во изминатите три години и нема да се намали

Купување на стан и во услови кога цените на квадратот скокаат како и каматите на кредитите засега е најсигурна инвестиција за македонските граѓани. Ова го покажува анализата на консултантската компанија за комерцијални недвижности ФОРТОН.

Просечната цена метар квадратен станбен простор во Скопје во изминатите три години е зголемена за 20 отсто а во моментов варира во зависност од локацијата и општината од 1.000 до 1.800 евра за квадрат. Најефтинно е во Ѓорче Петров а најскапо во Центар и Карпош.

Поскапувањето на цената се должи за зголемениот трошок при изградба, а експертите сметаат дека е мала веројатноста цената на квадратот да продолжи драстично да расте но и да се намали.

Во последните три години, во Скопје се издадени дозволи за 7.682 станбени единици од кои дури 65 отсто се во општините Карпош и Аеродром.

Минатата година речиси двојно е зголемен бројот на издадени дозволи за градба на станови во Скопје. Изградени се 7.894 стана, непродадени останаа 3.500.

Најголем број дозволи а со тоа и изградени станови се во Гази Баба 2.241 а потоа следи Аеродром каде лани се изградени 1.441 нов стан.

Анализата покажува дека деловите од Скопје кои порано беа перцепирани како индустриски области сега забврзано се урбанизираат додека индустријат се сели надвор од границите на градот.

Граѓаните минатата година подигнале 3 милијарди евра во кредити од банките а над 15 отсто од нив, односно секој шести бил станбен кредит.

Во Скопје но и во државата забрзано се гради квалитетен деловен простор на премиум локации а најголем број на купувачи се компаниите од ИТ секторот, додека кога станува збор за трговските центи од ФОРТОН сметаат дека со завршувањето на изгрдабата на четири трговски центри во наредните две години, два во Скопје и два во внатрешноста,  ќе се засити пазарот во државата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе