Навреме да се бараат алтерантивни горива, за скопјани оваа зима да имаат парно греење, предупредува првиот човек на РКЕ Бислимоски. Комисијата денеска ја одзема лиценцата за производство на БЕГ, и од октомври друга компанија, која ќе биде избрана на тендер, ќе има обврска да ги грее скопјани. Од РКЕ сметаат дека најдобро ќе биде државата да ја преземе работата, откако од Градот Скопје се изјаснија дека немаат капацитет за тоа. Но, алармираа и на време да се најде алтеранива за гасот, ако евентуално дојде до компликации во испораката, бидејќи земјава е 100 проценти зависна од увоз на овој енергенс.
Апсолутно ќе нема проблем со парното, ако има природен гас. Јас би размислувал ако има можност голем дел од мазутарите, знаеме дека за затворени и затоа може да се размислува наместо мазут, да се користи дизел, но да се направат одредени промени во топланите во Скопје, кои мислам дека би траеле многу кратко, вели Бислимоски.
Граѓаните ја чекаат и новата цена на струјата, која треба да почне да важи од први јули. Од РКЕ уверуваат ценовни шокови нема да има. Следната недела ќе биде готов и тарифникот со кој ќе се мери потрошувачката на струја, кој исто така ќе важи од следниот месец. Бислимоски потврди дека ќе има измени во границите на блоковите. Какви точно не открива, но посочи дека главните корекции ќе бидат направени во вториот и третиот блок.
Значи анлизите се кај втор и трет блок и границите, особено во овие два блока, ќе бидат повисоки според она што сега го работиме, вели Бислимовски
Речиси сите енерегетски компании побараале зголемување на цената за услугата која ја вршат. Но, се чека во петок ЕСМ да ја достави новата цена по која ќе ја продава својата струја на универзалниот снабдувач. Од оваа цена, најмногу ќе зависи какви сметки за електирчна енергија ќе добиваат граѓаните во следните шест месеци. Новата цена на парното пак ќе важи од август.
Ирена Чачкова
