Вести Економија Македонија Топ вести

ССМ ги повикува пратениците да го изгласаат амандманот за усогласување на платите во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува пратениците од власта и опозицијата да го изгласаат амандманот за усогласување на платите за 2.806 денари во јавниот сектор пред, како што велат, дополнителното зголемување на цените на електричната енергија, нафтените деривати и новите ценовни шокови.

-Гласајте го амандманот на ССМ за усогласување на платите за 2.806 денари во јавен сектор предложен од ВМРО-ДПМНЕ и не ја користете расправата за ребалансот за дополнително да ги уназадувате работничките права преку укинување на недела неработен ден во туристичките места, а тоа значи насекаде, порачуваат од ССМ и велат дека амандманот треба да биде изгласан ден побрзо од сите пратеници.

Нагласуваат дека на комисиската расправа пратениците треба времето да го трошат за утврдување на ставките преку кои сите работници од јавен сектор од 1 јули годинава ќе го добијат усогласувањето на платите со порастот на минималната плата од 2.806 денари, а во спротивно ќе имаат удел за штрајкот на 22 јуни година што го закажа ССМ доколку не биде усвоен нивниот амандман.

На собраниската Комисија за финансирање и буџет меделава почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Во текот на расправата треба да се разгледаат и над 200 амандмани меѓу кои и амандманот на ССМ, поднесен преку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе