Вести Економија Топ вести

Четири пати годишно да се читаат струјомерите побараа Народниот Правобранител и Регулаторна

Електродистрибуција најверојатно ќе добие обврска најмалку чети пати годишно да ги чита броилата на домаќинставата за да се води жшто е можно попрецизна евиденција за потрошената струја и да се избегне плаќање паушали. Оваа измена ја договорија Народниот правобранител и Реегулаторната Комисија откако минатата година до Канцеларијата на Омбудсманот стигнале сототина поплаки од граѓани околу висината на сметките за струја. Досега законската регулатива предвидуваше економскиот оператор односно Електродистрибуција најмалку еднаш годишно да ги чита струјомерите

Регулаторна веќе ги прави измените на правилата за снабдување со кои ќе се утврди квартално читање на броилата а во нив ќе има и препорака Електродистрибуција тоа редовно да се прави во зимските месеци кога има најголем број на поплаки од граѓаните.

Се разгледува и можноста на граѓаните кои ќе изразат желба трошокот од претходната година за потрошена струја да им се подели на 12 еднакви рати кои ќе ги плати наредната година, со цел да има предвидлив трошок и планирање на семејниот Буџет. Сепак оваа опција допрва ќе се преговара со Електродистрибуција.

Бислимовски повтори дека блоковите не се фиксни и зависат од бројот на денови на отчитување, односно ќе се пресметуваат на дневна основа, па доколку се надмине прагот од триесет дена, се качува и границата на блокот за да не се плаќа повисока цена.

Бислимовски и Зибери се согласни дека реформата на тарифниот систем односно воведувањето на блокови, чија граница допрва ќе се утврди а ќе стапан на сила од први јули заедно со новата цена на струјата, не се јкршење на човековите права туку напротив, можност за социјално загрозените семејства да имаат еднаква положба со останатите категории при иста количина на потрошена струја.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клучни преговори во Швајцарија: САД и Иран повторно на маса

Дејан Дејан

Крвава ноќ во Запорожје: Петмина загинати во жестоки напади

Дејан Дејан

Расте бројот на заразени и починати од ебола во Конго

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе