Вести Економија Македонија

„Макпетрол“: Повторно лажна наградна игра

Интернет-страници кои што од корисниците бараат да препратат порака на пет онлајн-групи во кои што членуваат или на 20 свои пријатели, лажно тврдат дека е во прашање наградна игра на „Макпетрол“.

Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебсајтови и од граѓаните бара да не препраќаат пораки ниту во онлајн-групите во кои што членуваат, ниту на своите пријатели. Во лажните пораки се наведува дека споделувањето носи награда од 10.000 денари, што е целосно неточно.

„Макпетрол“ повторно укажува дека е во прашање компјутерска измама која што може да ја загрози безбедноста на корисниците, нивните електронски уреди, лични податоци, но и тие на кои што пораките евентуално би биле препратени.

– Единствени официјални и активни интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk. „Макпетрол Ultra“ е официјален профил на Facebook. Традиционално, „Макпетрол“ секоја година ја организира ВЕРНА наградната игра  и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Подвлекуваме дека граѓаните треба да бидат особено внимателни, бидејќи сите пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни и на никој начин не се поврзани со „Макпетрол“  – истакнуваат од компанијата.

Наведената лажна наградна игра е пријавена кај надлежните институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе