Вести Економија Најважни

Ќе има ли нов шок за граѓаните со цените на храната од јуни – За две недели завршуваат дел од мерките за ублажување на растот на цените

Ќе има ли нов шок за граѓаните со цените на храната од јуни?! За две недели завршува  важноста на дел од мерките кои ги донесе владата за да се ублажи растот на цените на храната но и инфлацијата. Но, нема информација дали ќе се продолжат или ќе се оди со нови мерки. Доколку ДДВ-то за храната се врати на 5 проценти и се пуштат замрзнатите маржи за трговците за основните прехрамбени производиукти – тогаш цените на храната ќе одат нагоре. Од владата велат се уште анализираат.

Одлуката на Владата во врска со овие мерки има важност до крајот на месецов. Во меѓувреме се правата анализи кои ќе ги одредат следните чекотри за што јавноста навремено ќе биде информирана, тврдат од владата.

Експертите пак апелиаат на  внимателност за да не се предизвикаат контраефекти. Велат мора да има анализа која од мерките дала ефект, а која не за да се носат одлуки

Тоа мораме да го направиме. Да видиме дали тие средства го постигнале резултатот. Еве гледајте сега со маржите, она што се случи со цените. Видовме дека имавме голем притисок на цените поврзании со зејтинот. Сега зборуваме за извоз на зејтин од нашата земја во странство. Дали мерката го даде резултатот? Ги ограничивме маржите, воведовме казни ако се прекорачат, тоа дел предизвика трговците да се плашат да земат зејтин и да го стават на своите полици. Не дека немаше во фабриките. Ме сфаќате? тоа предизвика ефект. Што згрешивме? Кој дел од таа мерка, од таа одлука треба да се подобри со цел тоа да не ни се случи повторно, вели универзитетскиот професор Борче Треновски.

Треновски вели дел од мерките најверојатно ќе мора да се продолжат, но мора да  се внимава и да се помогне таму каде што е најпотребно.

Трговците пак коментираат дека цените на храната секако ќе одат нагоре. Бидејќи тоа не зависи ниту од нив ниту од владините мерки. Туку од растот на цените на суровините.

Инаку владата донесе повеќе одлуки за да го заштити стандардот на граѓаните. Некои прозиводи се продаваат по набавна цена и со  0 проценти ДДВ, а за некои производи е скратена профитната маржа. Но  и  со овие мерки сепак статистика измери дека инфлацијата во април достигна 10,5 проценти. Цениите на храната пак растеле.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе