Сите странски компании во зоната во Скопје се уште го користат гасот за работа. Во моментов ниту една фабрика не е префрлена на друг енергенс во случај Русија да одлучи да го сопре. Но, нема податоци колку користењето на друго гориво во процесот на производство би ги чинело повеќе. Од ТИРЗ велат во договорите компаниите имаат клаузула дека треба да користат друг енергенс во случај да биде сопрен гасот. Сепак уверуваат дека испораката во моментов се врши без проблем. Но сосотјбата се следи.
Деспотовски уверува дека странските инвестиори добро ја пребродиле пандемијата. Иако производството во Европа е значително опаднато вели дека за сега нема најави дека некој фирми ќе отпуштаат работници ниту дека ќе се преполови производствотот.
Иако властите тврдат дека какава и да биде одлуката на Русија, ефектот кај нас ќе биде незначителен- сепак ударот ќе биде голем за целата економија. Само компаните од зоните учествуваат со 400 до 600 милиони евра во македонскиот БДП, и 2,5 милијарди од вкупниот извоа кој е околу 6,2 милијарди евра.
Ирена Чачкова
