Вести Економија

ММФ се уште се мисли колкав заем да и даде на Македонија

Министерот  Бесими не открива колку пари ќе се задолжи земјава кај меѓународните институции. Иако во јавноста се споменуваше  дека ќе се бараат 900 милиони евра, Бесими тврди дека износот се уште не е утврден. Се чека  екипата  на ММФ неделава да заврши со увидот на домашната економија, по што ќе одлучат колкав кредит може да добие земјава, за да се справи со последиците и од енергетската и од воената криза.

– Не се потврдени бројките , ние сме во разговори  со  ММФ  и кога ќе биде се комплетирано како и секогаш  ќе ги соопштиме комплетните бројки. Преговорите се  уште се во тек, вели министерот за финансии Бесими.

Експертите веќе  предупредија дека треба да се бараат онолку пари колку што се потребни, затоа што  постојано расте сумата која се плаќа за камати од стари долгови. Апелираа парите од задолжувањето паметно да се искорстат, а не да се потрошат за покријвање на тековни трошоци и за гаснење на социјални пожари.

Месецов  се очекува да биде направен и ребаланс на буџетот. Во него за годинава беше планирано да се потрошат 4, 4 милјарди евра. Сега со новото прекројување на државната каса Владата планира да заштети 100 милиони евра. Уверуваат дека ќе се крати од непродуктивни трошоци и од проекти кои е тешко да се реалзираат.  Со ребалансот ќе се намали и проекцијата за раст на домашната економија за годинава  од 4,2 на 3, 2 проценти. Дефицитот ќе расте и тоа за повеќе од 200 милиони евра- од  сегашните 500 ќе надмине 700 милиони евра.  Се очекува  да расте и стапката на инфлација.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе