Вести Економија Свет

И со постудени базени, Германците во Берлин штедат на енергија и гас кој се увезува од Русија

Отворениот базен во Принценбад во Берлин е отворен за пливачите, но енергетската криза и војната во Украина предизвикаа пад на температурата на водата која се загрева поради се уште свежите температури во Германија.

Сабине Гутенмулер, физиотерапевт која има годишна карта за базенот рече дека на почетокот била скептична кога слушнала дека водата ќе биде постудена за околу 2 степени Целзиусови од вообичаеното.

-Мислам дека водата е 22 степени, тоа е сосема во ред и е добра иницијатива. Би го поддржала овој потег и политички, изјави за АП, Гутенмулер.

84-годишниот Клаус е редовен на базенот и рече дека му е добро и со поладна вода, имајќи ја предвид огромната цена на енергијата овие денови и се наѕира ризикот Русија да го прекине снабдувањето со гас на земјите кои Москва ги смета за непријателски.

Германската влада неодамна ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на енергија со тоа што ќе ги ги намалат радијаторите, ќе ги исклучуваат ветлата и ќе работат од дома наместо да возат до канцеларија.

Настрана од ублажување на ударот од високите цени на енергијата, апелот исто така има за цел да и помогне на Германија да се ослободи од руската нафта, јаглен и гас.

Се проценува дека за увоз на енергенси, пред се гас, Германија и платила на Русија повеќе од 9,1 милијарди евра (9,6 милијарди долари) од почетокот на војната на 24-ти февруари.

Критичарите тврдеа дека овој увоз помага на руската воена агресија врз Украина.

Ниту едно од министерствата со кои контактираше Асошиетед прес не даде детали за какви било нови мерки за намалување на употребата на енергија во федералните згради од почетокот на украинската војна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе