Државниот завод за ревизија ги истражувал 6 те пакети владини мерки за ковид пандемијата.
Открил дека сите се донесени без проценка како ќе влијаат врз економијата и недостигала анализа зошто се одбрани само одредени сектори во кои ќе се вложува за време на пандемија.
Во првиот пакет нема критериуми по кои се бирани претпријатијата кои ќе добијат помош, а тие пак парите во најголем дел ги потрошиле за исплата на плати но без законски основ.
Помошта за приватните фирми во вредност од безмалку 20 милиони евра се доделувани без право на жалба за оние кои се одбиени, нема пропишано казни за оние кои ги потрошиле надвор од предвидените намени а дури 70 проценти од фирмите немаат доставено извештаи како ги потрошиле иако имале обврска кон Генералниот секретаријат на Владата.
Во една од препораките ревизорите наложиле министерството за економија да започне активности за да се вратат парите во буџетот на државата од оние кои не ги исполниле обврските.
