Вести Македонија Топ вести

Синдикалците кои протестираат пред СОНК се од Аеродром и Кисела Вода-незадоволни се од најавите за договор без нивна потврда

Околу 300 членови на СОНК се собрани пред  седиштето на Синдикатот, предизвикани од текстови во некои медиуми кои од сношти пренесуваат дека раководството прифатило зголемување на платите за 12% и дека штрајкот дефинитивно завршува со денешниот ден.

Очекуваат да излезе некој од раководството на СОНК да излезе и да им каже што е точно. Тие не даваат изјави.

Пред седиштето на СОНК пристигнаа и полицајци кои се грижат за редот. Репортерот на Телма, Сотир Трајков, јавува дека повеќе вработени во градинките тврдат дека врз нив се вршат притисоци за прекин на штрајкот, бидејќи во спротивно ќе добиеле откази од работа.

На протестот се присутни вработени од училиштата и градинките во Аеродром и Кисела Вода а најавено е и присуство на членството од Радовиш.

Вчера лидерот на СОНК по средбата со претставници од Владата кажа дека се очекува штрајкот да заврши, но дека за тоа Советот на СОНК треба да донесе одлука. Советот е закажан во 16 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје–Блаце

Tea Dimkovska

Триесетина доброволци пожарникари две години им помагаат на професионалците пожарникари при гаснењето на пожарите на непристапните терени

Tea Dimkovska

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе