Вести Економија Најважни

Експерти: Една милијарда евра нови кредити ќе не чини воената криза со Украина – ќе расте јавниот долг

Една милијарда евра нови кредити ќе ни требаат за да ги ублажиме последиците од воената криза со Украина – алармираат експертите. Економијата нема да расте според очекувањата, бизнисот е на раб на ликвидност, ќе се продлабочува буџетскиот дефицит, а јавниот долг ќе расте. Ќе ни требаат пари кои веќе се испанирани да се потрошат, и други кои сега се планираат за трошење  како зголемување на платите во јавниот сектор, како и мерки за помош на бизнисот и граѓаните- пари кои ги нема во државната каса. Експертите предупредуваат да се внимава со кредитите- бидејќи на крајот нив пак ќе ги платат граѓаните – можеби и преку повисоки даноци.

Економистите предупредуваат – не очекувата тешки денови. Велат добро би било ако јавниот долг порасне од сегашните 7,1 до  7,5 милијарди евра- но колу пари ќе ни требаат зависи од времетраењето на војната во Украина. Предупредуваат дека најлошто сценарио е земањето кредити за гаснење социјални пожари –  наместо за инвестиции во нови проекти и развој.

Колку пари во нови кредити ќе не чини воената криза со Украина за сега никој од министрите не открива. Покрај еврообврзницата од 600 милиоони евра која е на чекање поради високите камати, додека се крои ребалансот  се бараат и нови поефтини пари и од ММФ и од Европската Унија. Она што се знае е дека со ребалансот ќе се снижи проекцијата за раст на БДП од 4,2 на 3,2 проценти. А ќе расте буџетскиот дефицит- кој според премсетките од сегашните над 500 милиони би стигнал до над 700 милиони евра- пари кои не беа планирани и  ќе треба да се позајмат.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија

Дејан Дејан

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард

Дејан Дејан

Пет лица се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе