Вести Економија Македонија Топ вести

Енергетската криза силно удри врз општините и комуналните претпријатија

Високите сметки за струја им ги истенчија буџетите на општините, комуналните претпријатие и на одредени државни институции. Решенијата ги гледаат во промена на уличното осветлување со штедливи светилки, но и во поставување на фотовалтаици. Пробиштип веќе почна постапка за уличното осветлување и до јуни ќе се постават светилките и колектори. Сметаат дека на овој начин ќе заштедат без да прават рестиркции на услугите кон граѓаните.

Поедноставување на постапките за соларните централи браат и од Здружението на комунални претпријатија АДКОМ. Бараат поволни кредити, а на кои гарант би била државата, бидејќи нивните основачи општините се ограничени. Меѓу барањата за справување со енергетската криза е и комуалните претпријатија да се во повластена тарифа. Штипски Исар само за три месеца набилда долг од над половина милион евра

Се уште нема анализа колкави се долговите на општините, јавните претпријатија и на институциите во источниот регион. Но се проценува дека за три месеца е околу два милиони евра за потрошена струја. Во моментов секоја општина сама се справува со кризата и бара решенија.

Викторија Јованова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија

Дејан Дејан

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард

Дејан Дејан

Пет лица се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе