Вести Економија Топ вести

Производството на сончоглед намалено за десет пати во изминативе 30 години

Вртоглавиот раст на цената и празнењето на рафтовите со масло за јадење го актелизиираа производството на сончоглед на македонските ниви. Податоците се поразителни за оваа култура, во рок од три децении се намалиле за десет пати. Во Овче Поле сончогледот е реткост, експертите препорачуваат дека најпогоден е Пелагонискиот регион, каде заради почвата се постигнуваат поголеми приноси. Земјоделците  ретко го  сеат во Овчеполскиот регион поради немање на кавлитетен систем за наводнување, а потребна им е и едукација  за агротехничките мерки.

Со зголемените трошоци во овчеполието рентабилното производство на сончоглед би било над 1.300 хектари. Годинава е доцна да се зголемат површините, но според земјоделците доколку субвенциите останат наредната година се очекува и површините да се зголемат.

Овчеполието е погодно за одгледување на другите маслодајни култури, лен сусам и маслодајна репка, но потрошувачите традиционално го користат маслото за јадење од сончоглед. Македонија увезува големи количини на сурово масло и сончоглед.

Русија, Украина и Бразил се најголемите производители на сончоглед, додека соседните Бугарија и Србија се на 10 и 16 местото. Македонските фабрики за производство на зејтин досега увозот го правеа од соседните земји, но по кризата веќе трагаат и по други пазари за суровини.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија

Дејан Дејан

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард

Дејан Дејан

Пет лица се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе