Вести Економија

Земјоделците незадоволни од цените по кои се откупува зелката

Проблемите со пролетната зелка се најчесто на терен, затоа што има откуп и пласман на пролетната зелка. Ова е заклучокот на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, по состанокот на струмичките земјоделци. Ги предупреди откупните центри да имаат фер и коректен однос кон производителите, бидејќи ќе има чести контроли од инспекторатот.

Земјоделците се незадоволни од цените по кои се откупува зелката, а се жалат и на третманот од откупувачите. Се сомневаат во манипулација со цените, но и мерењето на продаденото производство.

Откупот на пролетната зелка стартуваше со 30 денари за килограм, но набрзо цената почна да паѓа. Освен што е нестабилна, цената е веќе и преполовена и изнесува 15 денари за килограм.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Кој е Енди Барнам – фаворит за преземање на премиерската функција во Обединетото Кралство?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе