Вести Економија

Понеповолна економската состојба во преработувачката индустрија

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март во однос на февруари годинава е намален за 0.5 процентни поени и изнесува 13.3, а во однос на март лани е намален за 1.2 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2022, во однос на февруари 2022 година, е непроменета, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март во однос на февруари годинава е понеповолна, а понеповолна е и во однос на март 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2022 година изнесува 65,5 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 16,2  проценти, недоволната странска побарувачка со 19,4  проценти, неизвесното економско опкружување со 15,3 проценти и недоволната домашна побарувачка со 13 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Кој е Енди Барнам – фаворит за преземање на премиерската функција во Обединетото Кралство?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе