Вести Економија Топ вести

Србија утре ќе ги испорача договорените количини масло за јадење

Србија ја крена рампата за Македонија. Утре од таму ќе бидат испорачани два милиони литри зејтин, кој според министерот Николовски ќе бидат доволни за да се покријат потребите за околу еден месец. Но, доколку има потреба ќе  бидат договорени и нови количини.

Стоковите резерви за сега немало потреба да се активираат. Храна имало доволно. Но, во меѓувреме ќе се работи на зголемување на домашното производство. Преку оглас кој ќе биде објавен во понеделник ќе се далат субвенции за производство на житни култури.

Вчера од Министертвото за економија посочија дека изминатиот период продажбата на зејтин е за три пати зголемена. Имало граѓани кои купувале цели пакети, поради што рафтовите во маркетите останале празни. Властите дадоа препорака, секој трговец поединечно да одлучи, колку шишиња зејтин максимално ќе може да купи едне купувач. Ако препораката не се почитува, следната недела владата на седница ќе донесе одлука со која ќе ги ограничи количините.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Димитриеска-Кочоска: Буџетскиот дефицит ќе се зголеми но за прв пат поради капитални инвестиции

Дејан Дејан

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе