Вести Економија Македонија Топ вести

Давитковски: Треба  само добра волја и владина одлука за функционерите да се откажат од платите

Треба само добра волја и владина одлука за функционерите да се откажат од платите и да ги вратат во буџетот.

Експертите контра премиерот Ковачевски – кој вчера убедуваше дека не можеле да си ги намалат платите оти ќе го прекршеле Законот за работни односи и тоа морало да се прави претпазливо.

Универзитетскиот професор Борче Давитковски за Телма вели дека веќе имавме таков пример во пандемијата кога тоа се направи со владина одлука.

„Ако се има добра волја, не политичка, добра волја кога се работи веќе за хуманост, ако се  има, може да донесе владата одлука сите носители на јавни функции ги вратат во буџетот со тоа што тие пари би биле строго наменски за избавување олабавување на постоечката криза“ – вели универзитетскиот професор, Борче Давитковски.

Давитковски вели државата има механизми за контрола но мора да ги стегне за да се почитувата препораките за штедење.

Вели законите за работни односи и за трговски друштва на кој вчера се повика премиерот кога кажа дека ќе има санкции за функционерите кои нема да ги почитуваат владините мерки – не важат за јавниот сектор.

Туку законски сите тие се должни да штедат, да работат ефикасно, ефективно како добри домаќини.

Давитковски порачува ако  владата сака да заштеди да ги раскине договорите со сите сомнителни хонорарци.

„Они законски не ни имаат право- и ако сакате вие договорци да ангажирате треба да добиете согласност за договор преку министерството за финансии. Тоа никој не го прави и во јавните претпријатија и во јавните органи никој. Они ги ангажираат нивните партиски војници со договор на дело и си ги плаќаат. Впрочем имавме деновиве многу еклатантни примери. Пет шест институции што локално што централно ниво да се ангажира иста личност. Тоа значи тоа е противзаконито. Тука јавниот функционер прави и кривично дело бидејќи без согласност од министерството не може ниту со договор на дело да ангажира лица. А тие го ангажираат, а никој не одговара“ – смета Давитковски.

Вели функционерите мора да го сменат менталниот код. За него е недозволиво  во време на криза да  се набавуваат 142 возила за 3,6 милиони евра, од кои некои луксузни- а да не набават противпожарни возила, и уште да не се  сервисирани авионите за гасење на пожари.

„Кога може австрискиот претседател на држава да оди со метро, австрискиот министр за здравство д аоди со трамвај на работа шведската влада да има 7 возила  а ние купуваме 143 возила. Тоа е срамота за една Македонија која што се живееме на кредит. Тоа еднаш мора да престане. Треба кодот на носителчите на јавни функции да се смени дека кога ќе се стапи на јавна функција не значи да се има мобиле, да се има шофер, телохранител да се има кабинет итн. Тоа е лусуз по мене“ – подвлекува Давитковски.

Владата донесе мерки за штедење. Ги задолжи министрите и директорите да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти.

Нема да смеат да набавуваат мебел и возила без согласност од владата.

А ќе треба да трошат за 50 проценти помалку за репрезентација, спонзорства и реклами и помалку да ги користат службените возила.

Да  го намалат и бројот на службени патувања, но  и на членови на делегации при патувања во странство.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе