Сојузот на Стопански комори е најголема деловна мрежа во нашата земја која обединува голем број на поединечни комори кои делуваат во соодветен сектор.
Како деловна организација вложуваме максимални напори соодветно да ги координираме и застапуваме интересите на сите наши членови, обезбедувајќи поддршка за секоја иницијатива. Во Сојузот членуваат големиот број на претпријатија кои доаѓаат од сите сектори на стопанството што е доказ дека сме успешни во нашата мисија. Доколку некој процени дека ќе обезбеди подобро застапување на своите интереси преку самостоен настап, надвор од постоечката Градежна комора и од Сојузот тоа е негово слободно право, затоа што членувањето во Сојузот е на доброволна основа, реагираат од ССК откако четирите комори – услужната, туристичко-угостителската комора и комората на сметководители излегоа од ССК, а од градежната комора најавија дека го замрзнуваат своето членство, и во иднина ќе делуваат самостојно.
Причините поради кои коморите се одлучија на ваков чекор е како што велат притисоци и закани за давање доброволни оставки, нелегитимни собранија и избор на нови раководства, како и исклучување на компаниите од коморите.
