Ракомет Спорт

Шпанија и Шведска за златото на ЕП

Европското првенство во ракомет во машка конкуренција стигна до самата завршница. Денеска ќе бидат познати освојувачите на трофеите на континенталниот шампионат чии домаќини се Унгарија и Словачка.

По пауза од четири години Шпанија и Шведска повторно или вкупно трет пат ќе се соочат во решавачката битка за златото на европските првенства. Во Загреб триумфираше Шпанија која од тој момент ја почна серијата победи и денеска во Будимпешта ќе се обиде по трет пат едно по друго да се искачи на највисокото место на подиумот и да го повтори подвигот токму на Швеѓаните кои во периодот од 1998 до 2002 беа суверени владетели во европскиот ракомет.

Двете селекции по трет пат во историјата ќе се соочат во финалето, Шведска беше поуспешна во Болцано пред 24 години, а веќе споменавме дека Црвената фурија славеше во Хрватска. Шпанците со евентуален триумф може да израмнат уште еден рекорд на денешниот противник, кој со четири злата е рекордер на европските првенства.

Двете репрезентации во минатото одиграле вкупно 25 натпревари, за нијанса подобра е Шпанија со 14 победи од кои дури осум по ред во последниве 13 години. Последен пат Шведска на победа се радувала во 2009-тата кога на Мундијалот во Хрватска славеше со 34:30. Последното соочување беше токму на овој шампионат во фазата по групи и Црвената фурија забележа победа од 32:28.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Жиру го напушта Милан и продолжува во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Дејан Дејан

РФМ: Благодарност до цела македонска ракометна јавност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе