Ракомет Спорт

РФМ за пласман во вториот круг ќе ги награди ракометарите

Македонската машка ракометна репрезентација ги одржува последните тренинзи пред заминувањето за Унгарија. Во пресрет на утрешното патување за Дебрецин, се очекува селекторот Кире Лазаров го соопшти и конечниот список на играчи кои ќе настапат на Европското првенство.

Ракометарите до патувањето за Дебрецин ќе одржат уште три тренинзи по што се очекува да биде познат и дефинитивниот состав што ќе настапи на континенталното првенство.

Избраниците на селекторот Лазаров утре претпладне ќе имаат уште еден тренинг во Скопје по што следува патувањето за Унгарија.

Пред новото учество на едно големо натпреварување Управниот одбор на Ракометната федерација донесе одлука националниот тим да се награди со 50.000 евра доколку се обезбеди пласман во следната рунда од првенството.

Првиот натпревар нашата селекција го игра в четврток против Словенија, а потоа следуваат и дуелите со Црна Гора и Данска.

Место во вториот круг обезбедуваат двете првопласирани репрезентации од секоја група.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе