Голема прашина се крена околу медицинското ослободување што го доби Новак Ѓоковиќ пред доаѓањето во Австралија и кое по правило може да му гарантира влез во земјава без никакви тешкотии.
Но, како што е веќе познато, тогаш му била поништена визата, а потоа бил сместен во хотел за мигранти, каде се чека конечната одлука за депортација која ќе биде донесена во понеделник.
Јасно е дека вината за целата ситуација делумно и припаѓа на австралиската гранична полиција, која во изјава за „Еј-би-си њуз“ вели дека сега ја разгледува документацијата за уште две лица кои неодамна пристигнале во земјава за да утврди дали има валидни причини.да им се поништи визата.
– Австралиската гранична полиција е запознаена дека уште две лица користеле исто медицинско ослободување од Тенис Австралија, за да патуваат во земјава. За нив моментално се води истрага, па нема дополнително да го коментираме случајот – пишува во соопштението.