Омикрон сојот и наглиот пораст на бројот на инфицирани со корона вирусот го доведува во прашање продолжението на сезоната на Италијанскиот фудбалски шампионат.
Во пресрет на натпреварите од 20-тото коло само во составот на Лацио нема ниту еден фудбалер кој не е инфициран со корона вирусот.
Најлоша е ситуацијата во Салернитана која пријавила 11 инфицирани и поради тоа целиот тим е ставен во изолација по што е донесена одлука да се одложи дуелот со Венеција. Верона до денеска пријави осум играчи со позитивни тестови, а во Удинезе има седум инфицирани.
Се стравува дека бројката може да биде поголема и во останатите екипи бидејќи денеска треба да се одржи уште едно тестирање во клубовите и не се отфрла можноста да биде одложен уште некој натпревар од утрешната програма.
ФОТО: Игор Паневски