Ракомет Спорт

Почнува да функционира затворениот систем во Пекинг

На точно еден месец пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг официјално почна да се применуваат протоколите за превенција на ширење на корона вирусот.

Први што ќе влезат во таканаречениот затворен систем на движење се луѓето кои се ангажирани како помошен персонал, а доаѓаат од разни делови на планетава.

Сите ангажирани лица кои се целосно вакцинирани нема да бидат сместени во 21-дневен карантин и може веднаш да почнат со своите ангажмани. При пристигнувањето во Пекинг за нив се организира посебен превоз и веднаш влегуваат во таканаречениот балон и до крајот на ангажманот нема да имаат контакт со надворешната средина.

Во истиот систем влегува и домашниот персонал, кој исто така до завршувањето на игрите нема да може да има контакт со други лица. Според планот на организаторите за сите спортисти, тренери и останати членови на делегациите се предвидуваат посебни железнички линии со кои ќе бидат пренесени до двете олимписки села кои не се во Пекинг и се наоѓаат во двата центри каде ќе се одржуваат натпреварувањата во боб, санкање, алпски и нордиски дисциплини.

До овој момент се уште е на сила одлуката за дозвола на присуство на гледачи на борилиштата, но доколку епидемиолошката ситуација се влоши постои можност некои од натпреварувањата да се одржуваат пред празни трибини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе