Меѓународниот аеродром во Пекинг ја започна процедурата за аеродромска контрола на учесниците на Олимписките игри. Покрај здравствениот сертификат секој спортист ќе биде дополнителни и тестиран на аеродром, но нема да го чека резултатот.
Зимските олимписки во Пекинг треба да бидат отворени на 4-ти февруари, движењето на учесниците на Олимпијата е строго ограничено, а со возила ќе бидат пренесувани од Олимпиското до местото кадешто ќе се одржуваат натпреварите.
- Откако патниците ќе влезат на Т3Д терминалот на аеродром, мораат прво да покажат здравствен сертификат со QR код. Потоа поминуваат низ премин за безконтактно мерење на температурата во простор за земање брисеви, од каде учесниците на Олимпијадата можат директно да одат на гранична контрола без да ги чекаат резултатите од тестот. Од вторник 00 часот сите учесници на Олимпијадата можат да поминат низ задолжителната процедура на влез со своите лични податоци и картите за каредитација. Под претпоставка дека луѓето носат голем багаж, како што се боб санки или друга опрема, ќе можат да им ги предадат на тимот за логистика, кој опремата ќе ја испорача до директната дестинација. Патниците треба само својот личен багаж да го носат во автобусот до Олимпиското село, изјави Ванг Јанлинг, менаџер на аеродромот Капитал во Пекинг.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.