Економија Топ вести

Регулаторна заврши со пресметките, новата цена на струја утре ќе ја дознаат енергетските компаниии 

Регулаторна утре ќе одржи подготвителна седница на која пред претставниците на трите енергетски компании, ЕСМ, МЕПСО и ЕВН Хоум ќе ја соопшти првичната цена на струјата која ќе важи од 1 јануари. На состанокот регулаторите ќе ги презентираат механизимите кои ќе ги активираат при носењето на одлуката за цената на електрична енергија односно дали ќе бидат ограничени маржата и профитот кај компаниите како што најави Бислимовски.

Колку ќе поскапи струјата ќе се дознае најдоцна до петок бидејќи по подготвителчната седница компаниите имаат право на жалба во рок од 24 часа.

Како што веќе информиравме, МЕПСО побара цената на струјата да се покачи за 60 отсто, Електродистрибуција двојно а униврзалниот снабдувач ЕВН Хоум ги достави само предвидените трошоци за 2022 година без да ја прецизираат висината на поскапувањето.

Од Владата останаа на ставот дека поскапувањето нема да биде поголемо од 10 отсто.

ЕСМ ќе работи со полн капацитет од јануари кога ќе биде вклучен третиот блок во РЕК Битола како и вториот котел во ТЕЦ Неготино. Комплетната побарувачка на струја за ЕВН Хоум ќе биде покриена и нема да има никакви рестрикции во снабдувањето, уверува директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Константно снабдување со јаглен е обезбедено со домашен ископ и со увоз од Косово а во јануари ќе има нов тендер за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино за да се обезбеди непречено функционирање на комбинатот до крајот на грејната сезона, односно до април

ТЕЦ Неготино по дванаесте години во ладна резерва пред десет ден го вклучи првиот котел и во моментов произведува два гигавати струја дневно.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе