Економија Свет

Хрватска со владина уредба ја ограничи цената на горивата

Владата на Хрватска денеска донесе уредба со која на 30 дена се ограничува цената на литар бензин на 11,10 куни, а на дизелот на 11 куни (едно евро еднакво е на 7,51 куни).

Имајќи го предвид тековниот економски момент, непредвидливоста на цените на нафтата на светскиот пазар и влијанието на цените на горивата врз целокупната економска активност и животниот стандард на граѓаните, со цел непречено понатамошно економско закрепнување, Владата одлучи да го стабилизира цените на бензинот и на дизел горивото во рок од 30 дена, изјави хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ.

Тој додаде дека Владата ќе ги анализира состојбите и трендовите на светскиот пазар и, доколку е потребно, ќе реагира дополнително.

Трговците со нафтени производи не смеат да наплатуваат такси или други трошоци што не се пропишани со владината уредба или со други специјални прописи.

На хрватските бензински пумпи литар бензин се продава од 11,26 до 11,40 куни, литар Еуросупер 100 за литар чини 11,99 куни, еуродизел е околу 11,40 куни, а гасот од 5,62 до 5,89 куни

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе