Најважни Спорт Фудбал

Македонија убедливо против Лихтенштајн за прва победа на Милевски (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација славеше со убедливи 4-0 на гостувањето кај Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. За селекторот Благоја Милевски ова беше прв триумф откако седна на клупата на националниот тим.

Дарко Велковски го најави триумфот во 39.минута, откако претходно Александар Трајковски, Елиф Елмас и Милан Ристовски не реализираа добри шанси за гол. Езгјан Алиоски зголеми на 0-2 во 66.минута откако реализираше од пенал. Бобан Николов со прекрасен соло-гол погоди за 0-3, а точка на натпреварот стави Дарко Чурлинов во 83.минута.


Со оваа победа Македонија се искачи на 2.место на табелата во Групата Ј со 12 бодови, шест помалку од лидерот Германија, кој вечерва ја совлада Романија со 2-1. Ерменија вечерва ремизираше 1-1 со Исланд и има исто така 12 бодови, потоа следува Романија со 10, Исланд има пет, а Лихтенштајн е последен со 1 бод.

Македонија следниот натпревар го игра во Скопје во понеделник на 11 октомври кога ја пречекува Германија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прогласена вонредна состојба во Чучер Сандево- нов пожар кај село Кучевиште во близина на куќи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце- движењето се одвива во двата правци

Дејан Дејан

Скопјанец е првата жртва во пожарите, на Блаце се гаси од земја и од воздух

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе