Економија Најважни

Топлификација оди во рацете на „Адора“ на Чифлиганец за 9,3 милиони евра со ДДВ

„Tоплификација“ оди во рацете на „Адора“ на Ванчо Чифлиганец. Собранието на доверители ја прифати понудата од 9,3 милиони евра со ДДВ за Топланите Исток и Запад, Управната зграда и други имот од стечајната маса кој пред лицитацијата беше проценет на 17,7 милиони евра.

Собранието на доверители ја прифати понудата на Адора од 7,5 милиони евра плус ДДВ. Сега судот ќе донесе решение и компанијата во рок од 8 денови треба да ја уплати понудената сума, по што ќе го преземе имотот, изјави за Телма Богољуб Макревски, стечаен управник на Топлификација.

Од Адора вчера, пред одлуката на Собранието излегоа со соопштение. Чифлиганец вели дека идејата била овој бизнис да биде во домашни раце и дека така Адора ќе биде прва компанија до сега што реално платила за овој бизнис

Ние денес, за прв пат од кога постојат, плаќаме 9,3 милиони евра за истите. За Адора износот на оваа инвестиција не е воопшто занемарувачки, односно успешноста или неуспешноста на истата може да биде од егзестинцијален карактер за компанијата, соопшти Адора.

Здружението на акционери од Топлификација претходно  реагираа дека имотот бил проценет на 31 милион евра, плус долгот од ТЕ-ТО од 28 милиони евра за кој има правосилна одлука на Врховен суд. Најавија дека правдата ќе ја бараат и надвор од државата.

Од Регулаторна беа децидни дека оваа грејна сезона нема да има никакви промени во цената и снабдувањето со топлинска енергија за скопјани.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе