Вести Македонија Најважни

Извидничкиот „секс-скандал“ камп под истрага, девојче оди на психолог поради трауми, организаторите во полиција на распит

Обвинителството и полицијата истеражуваат, што точно се склучувало минатиот вилкенд во извидничкиот камп и кои биле лицата кои под превезот на сексуална едукација барале од учесниците, шестанесет годишни деца да глумат секс пози, да одговараат на прашања од типот на број на сексуални партнери, да симулираат секс и да се соблекуваат

Обвинителството отвори предмет, како се случил скандалот во извидничиот камп

Обвинителството отвори предмет, а полицијата ги повика организаторите на кампот од Првиот скопски извиднички одред каде викендов, според тврдењата на родители на дел од учесниците – шеснесет годишни деца,  биле изложени на скандалозни призори, обуки и барања како дел од наводна сексуална едукација.

Од МВР за Телма потврдија дека во вторникот, родител на дете учесник во кампот пријавил во полиција, известено било Обвинителството по чиј налог се повикани на разговор одговорните лица во извидничкиот одред.

Град Скопје соопшти дека се оградува од активниостите во кампот, ја прекинуваат соработката со Првиот скопски извиднички одред и ја делат загриженоста со јавноста околу непрофесионалноста при работење на сензитивни теми како сексуалното образование.

А за тоа што се случувало во кампот насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“ открија родителите на децата. Под превезот на сексуална едукација децата требало да глумат секс пози, да одговараат на прашања од типот на број на сексуални партнери, да симулираат секс и да се соблекуваат.

Неговото дете, истрауматизирано од случките, во моментов работи со психолог.

Родителите ги демантираат одговорните во кампот дека немало поплаки од децата.

Неколку деца кои минатиот викенд биле во кампот веќе го напуштиле одредот а родителите порачуваат дека обвинителството мора да ја заврши рабоптата за да се открие што точно се слулчувало во кампот во Градовци, Зелениково.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе