Вести Најважни Свет

Трамп: Американските преговарачи се во Доха на преговори со Иран

Претседателот Доналд Трамп изјави дека американските преговарачи патуваат во Доха, Катар, каде што ќе се одржи нова рунда разговори со Иран. Тој посочи дека средбата „може да биде многу важна“, додавајќи дека исходот допрва ќе се види.

САД и Иран имаат рок до средината на август да постигнат траен договор, кој би вклучувал решение за спорната иранска нуклеарна програма. Пред евентуалната средба на највисоко ниво, најпрво ќе се одржат технички разговори меѓу дипломати од понизок ранг.

Меѓу главните теми на преговорите се безбедноста во Ормутскиот Теснец, можните олеснувања на санкциите кон Иран и иднината на иранските резерви на високо збогатен ураниум. Посредниците, меѓу кои се Катар и Пакистан, очекуваат разговорите да продолжат во наредните денови.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Попладневна локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 1.7.2026

meteo

Во чест на Владо Јаневски – вечерва ќе се пеат неговите стихови пред арената „Борис Трајковски“

Kristina Kuzmanovski

Експлозија во Монако – повредени украински магнат и неговото семејство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе