Кога се работи за казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, а кога се работи за финансирање, односно за парите кои треба да се земат од буџетот, тогаш се измислуваат најразлични модалитети како тоа да се направи, изјави Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст на изгласување на потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка попладнево во собранието.
„Ние, како ЛДП, сме за идејата сите да имаат рамноправен пристап. Затоа и нашиот пртедлог во делот на ова беше поделбата да не биде како што беа предложени 42, 50, 8, не знам колку, туку да биде 50 – 50, односно 50 проценти да добиваат пари сите учесници во изборниот процес, а останатите 50 проценти да се делат врз основа на освоените мандати. Во тој случај, сите учесници во изборниот процес, стартуваат рамноправно, од една иста основа“, рече Цветановски.
С.Д.
