Вести Македонија

СДСМ: Мицкоски работи на создавање нов сателит – ЗНАМ 2.0

„Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи“, велат од СДСМ,

Според опозициската партија „Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит – ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори“.

Од СДСМ додаваат дека поддршката на ВМРО ДПМНЕ е намалена за 150.000 гласови, зашто нема резултати.

„Буџетот е во колапс, а веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите. Затоа на Мицкоски му се брза да создаде нов инструмент за манипулација на изборниот процес и збунување на гласачите“, велат од СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе